Потпишување Партнерството за безбедност и одбрана помеѓу ЕУ и Македонија – Министерот Муцунски во работна посета на Брисел

Mucunski_7112024_2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што, заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, ќе го потпишат Партнерството за безбедност и одбрана помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Потпишувањето и работната средба ќе се одржат на маргините на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи, извести Министерството.


Склучувањето на Партнерството за безбедност и одбрана претставува значаен чекор во продлабочувањето на практичната соработка меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Ова партнерство ќе овозможи заедничко справување со хибридните закани, унапредување на сајбер безбедноста, борба против тероризмот, спроведување на мисии и операции, како и соработка во други области од доменот на одбраната и безбедноста.

Северна Македонија, заедно со Албанија, се првите земји од регионот на Западен Балкан со кои ЕУ ќе воспостави ваков вид на партнерство. Овој значаен чекор следува по слични договори склучени со Канада, Норвешка и Молдавија, кои дополнително ја истакнуваат посветеноста на Унијата на јакнење на европската безбедносна архитектура, соопшти Министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK