„Јавното обвинителство да се одважи и да отвори предмет за да ги истражи наводите и сомнежите за сторен криминал во склучениот договор за јавна набавка од страна на МЕПСО. Веќе два дена јавно, на прес конференции, изнесуваме факти кои покренуваат сомнежи дека раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО, склучувало и менувало договори за нивните потреби со единствена цел испумпување пари од претпријатието“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Како што посочивме до сега, претпријатието Далековод АД од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие и дека истото немало потреба од албанската фирма Шанси Инвест, која најверојатно послужила како параван за испумпување на парите.
Тендерот на МЕПСО прво го доби хрватсаката фирма производител Далековод АД Загреб, при што македонското акционерско друштво претходно до добавувачите доставило модел договор и барало да биде прифатен, за на крај да дозволи измена и дополнување на договорот.
МЕПСО под раководство на лица од СДС и ДУИ направило промена на договор за набавка од 10 милиони евра, со цел фактурите да му ги доставува некоја тампон фирмата Шанси Инвест, а не директно производителот.
И сето ова може да се види во чл.9 од договорот каде што е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде Шанси Инвест од Албанија, а не Далековод АД Загреб, кој всушност е и производител на опремата. Дополнително, во договорот е наведено дека Шанси Инвест ќе биде доставувач на авансната и сите други фактури до МЕПСО.
Го повикуваме обвинителството да истражи зошто кога производителот Далековод АД Загреб, можел сам да се јави на тендерот тоа не го сторил и дали за тоа бил уценет и ако бил од кого?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.