Посета на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени на Граничниот премин Блаце

IMG-4a006937db62f2a0284d1d18a7f4b8fe-V.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик министерот за внатрешни работи  оствари посета на Граничниот премин Блаце, при што одблиску се запозна со работата и посветеноста на полициските службеници на еден од граничните премини каде движењето на луѓе и стока се одвива со доста голем интензитет.


Согласно изготвениот план од РЦ за ГР Север и врз основа на Договор за полициска соработка како и Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Косово за изведување на мешани патроли долж заедничката државна граница, заменик министерот имаше прилика да се сретне со една од тие патроли со кои разговараше за нивната секојдневна работа и предизвиците со кои се соочуваат. На истите им посака успешна работа како и продлабочување на соработката во иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK