Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд

Кривичен-суд-во-рок-од-48-часа-ќе-одлучува-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од осомничените за 6,5 милионски криминал во „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“


Тој беше приведен на граничниот премин Табановце.

Ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и натаму не е достапен за органите на прогонот.

Вчера во големата полициска акција, беа приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK