Поради вмешаност во корупција, Артан Груби и судијата Енвер Беџети на црната листа на САД

„Кочи-Груби-излета-од-патот-европскиот-фронт-ви-издиша-како.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стејт департментот назначи нови 14 лица во црната лица на САД, меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок партиски функционер член на ДУИ Артан Груби како и судијата Енвер Беџети, објави Стејт департментот.


Тие јавно се означени дека се вклучени во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.

Оттаму додаваат дека означени се и членовите на најблиското семејство на Груби.

• Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби, стои во Стејт департментот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK