Поради пожарите затворени се патишта

zatvoreni-patishta.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Обиколницатa Битола и регионалниот пат Неготино-Штип се затворени поради активните пожари.

Утрово од АМСМ информираа дека на обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај селото Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци.

Синоќа беше соопштението дека најоасен пожар и натаму е оној на планината Сера, кој зафати и борова шума. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, утрово присуствувал на брифингот со армиските и турските пилоти на кој меѓу другото договориле да се фокусираат на огнените точки на Серта, тактика точка по точка со концетрирано гаснење. Тој им се заблагодари на сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија. Благодарност до Република Туркије за испратената помош од два ер трактори и еден хеликоптер Блек Хок.

Во текот на денот се очекува да пристигне и помошта од Словенија, Србија и БиХ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK