Поради повреда од петарда 13-годишно дете најверојатно ќе остане со инвалидитет на раката, според лекарите

Кривична-пријава-за-скопјанец-фатен-со-пиротехника-пред-Нова-година.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според директорот Небојша Настов во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридкси“, на новогодишната ноќ имало вкупно 81 прегледан пациент, пет како последица на сообраќајни несреќи, тројца од физички пресметки и биле извршени три оперативни интервенции.


„За среќа во текот на новогодишната ноќ немаше повреди од петарди и огнострелно оружје, тоа беше зачестено во период пред празниците. Во последниот месец имаше 50-ина претежно малолетници на возраст од 12 до 17 години“, кажа Настов, додавајќи дека најверојатно се користат се поголеми петарди со поголемо барутно полнење и оставаат трајно оштетување кај децата.

„За жал се користат петарди со се поголемо барутно полнење кои оставаат многу поголеми оштетувања односно таре инвалидитет кај децата“, рече тој.

На ТОАРИЛУЦ, Ургентниот центар, КАРИЛ и Ортопедија, како што информираше доктор Игор Мерџановски, биле направени околу 35 прегледи.

– Направени се околу 35 прегледи од кои девет се сообраќајки со лесни телесни повреди, тие пациенти се пуштени на домашно лекување. Имаме двајца пациенти од физички напад, едниот е задржан на опсервација и во текот на денов ќе биде пуштен дома, како и 13-годишно дете со тешка повреда на раката од петарда, кое веќе е оперирано на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката. Примен е и еден странски државјанин во алкохолизирана состојба со повреда на носот и на главата, згрижен е и пуштен е на домашно лекување, изјави Мерџановски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK