Поради манифестации за Бадник дел од улиците во Скопје утре ќе бидат затворени

26733214_145840489533429_22823962_o-1-701x526-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник  ќе се одржат повеќе манифестации, известуваат од СВР Скопје.


-Ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти, стои во соопштението.

Воедно, од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK