Поради асфалтирање, затворен за сообраќај дел од патот Велес-Градско

Поради-асфалтирање-затворен-за-сообраќај-дел-од-патот-Велес-Градско.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради вградување на асфалтен слој на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, од 26.10.2023 година до 01.11.2023 година, во период од 08:00 до 18:00 часот, ќе биде затворен за сообраќај делот од бензинската пумпа “Дади Компани” до бензинската пумпа “Хив”.


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK