Политиката да ги тргне рацете од верата, опозицијата во Тетово ги подгрева верските чувства, порача Ковачевски за крстот на Попова Шапка

Политиката-да-ги-тргне-рацете-од-верата-опозицијата-во-Тетово.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три пораки упати премиерот Димитар Ковачевски во врска со 15-метарскиот крст на Попова Шапка.


Првата како што рече е дека политиката треба да ги тргне рацете од верата бидејќи сме секуларна држава и секој граѓанин има право да ја практикува верата која што е негова.

„Нашата држава е докажана како мулиетничка и мултирелигиозна во која што се почитуваат сите права. Како второ се потврди она што и јас го зборувам во минатото, дека во државата постојат политичари, пред се мислам на опозицијата која што во моментов го води градот Тетово, кои што во немање на простор и проекти, подгреваат национални и верски чувства на граѓаните. Повторувам политиката мора да ги тргне рацете од верата“, порача Ковачевски.

Според него, сите спорови што произлегуваат во однос на градежни објекти, без исклучок треба да бидат решавани во рамки на законот и во рамки на институциите, почитувајќи ја секуларноста на државата и потребата на верско изразување.

„Сметам дека на државата и требаат одлуки во однос на интегрирање во ЕУ, во спротивно ќе го гледаме тоа што се случуваше во 11 години, кога единствено гледавме улични борби на Кале, каде едни подигнуваа конструкција за верски објект, а други го напаѓаа објекти. Тоа не ни треба, кажа Ковачевски од Прилеп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK