Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 264 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.