Полицајци во Охрид разговараа со граѓаните за опасноста од петардите

„Петарди-не-безбедност-пред-се-превентивни-активности-на-МВР.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска полицијата од отсекот за превенција при СВР Охрид, на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, ја реализираа превентивно-едукативната кампања „Петарди не, безбедност пред се“.



Притоа, полициски службеници остварија контакти и кратки разговори со граѓаните, посебно со помладата популација за штетните последици од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телата.

Накратко, беа презентирани законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови пред објекти, во влезови на станбени згради или училишта и слично. Тие беа и информирани и за прекршочните и кривичните санкции од нелегалната употреба на пиротехнички средства.

Целта на кампањата чие мото е „Петарди НЕ, безбедност пред се“ е подигнување на свеста кај граѓаните во пресрет на празниците, да не купуваат и активираат разновидни пиротехнички средства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK