Поднесена кривична пријава против директорката од Демир Хисар за криење службени печати


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради „одземање или уништување службен печат или спис“.


„Денеска до ОЈО Битола е поднесена  кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ“, соопшти МВР.

Од таму велат дека пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025.

Пред неколку дена на социјалните мрежи беше објавено видео на кое началник од МВР без налог се обидува да ја приведе екс директорката и вели дека ако треба и на носилки ќе ја однесат во полициска станица. На видеото се гледаше и нејзниот син кој кажува дека мајка му е на боледување и дека кога ќе изаврши боледувањето ќесе јави во полициска станица.

Начачникот беше разрешен поради непрофесионално и неетично однесување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK