Почувствуван земјотрес во скопското епицентрално подрачје

FotoJet-2024-05-04T130850.869.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, после полноќ на 04.05.2024 година во 01 часот и 39 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML1.9.


Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK