Почувствуван земјотрес во Македонија

zemjotres2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје.


Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда ML3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути
е со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и
околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK