Почна невремето во Скопје, на повеќе места заврна дожд, проследен со грмежи.
Управата за хидрометеоролошки работи за попладне најавува нестабилно време на повеќе места.
– Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер од над 60 километри на час и појава на град – предупредува УХМР.
Во делови од Скопје попладне се очекува нестабилно време со интензивен пороен дож, грмежи, силен ветер и појава на град.