– Со поклон пред вечното почивалиште на претседателот на Крушевската република Никола Карев во куполата од споменикот Илинден, Македониумот на Гумење, во илинденско Крушево почнаа чествувањата за празникот.
Се поклонија бројни делегации. Делегацијата на Собранието ја предводи претседателот Талат Џафери, во владината беа министрите Тренчевска и Николовски, на АРМ и Генерал штабот, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, од семејството на Карев, на илинденско Крушево градоначалникот Томе Христоски, а на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Делегациите се поклонија и на месноста Слива, а потоа ќе се одржи панихида за илинденците во црквата Свети Никола.