Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити вели дека сѐ уште не може да открие, но најави дека за него ќе има широка јавна дебата. Драфт верзијата, според Меџити, ќе ги помине сите потребни филтри за да не се случи повторно да имаме половичен закон, кој ќе биде проблематичен.
„Што ќе содржи не можеме да кажеме, но можам да кажам дека ќе има јавна дебата. Ќе се вклучат академци од сите универзитети, стручни, професионалци, сѐ во функција да се најде најдоброто решение, кое ќе биде долгорочно решение и кое не може утре-задутре да се оспори од некого. Мора да внимаваме на уставната категорија правична застапеност, но воедно са не дојдеме во судир со Уставот и пак да ни се случи ова ситуација“, рече министерот Меџити.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, минатата недела извести дека веќе е готов нов закон кој превидува не само етничка, туку и полова и секаква друга застапеност во институциите.