По повод Голема Богородица сеноќно бдение и Света архијерејска литургија во Бигорски

liturgija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица познат меѓу народот како Голема Богородица во Бигорскиот манастир ќе се одржи сеноќно бдение, со Света архијерејска литургија.

– На денот кога го славиме сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во свештената Бигорска обител ќе се отслужи сеноќно бдение, со света архијерејска литургија, што ќе започне во сабота, на 27 август 2022, во 21:00 часот, стои во соопштението на Бигорски манастир.


Се додава дека во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии.

– Благослов да присуствуваат на бдението имаат сите оние кои молитвено сакаат да го прослават Успението на Мајката Божја, се наведува во соопштението.

По традиција се очекува големо присуство на верници од многу градови во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK