По повеќе од 13 години Фондот се враќа во сопствениот објект: почна реконструкцијата на подрачната служба во Гевгелија


img-20260310-wa0039.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Гевгелија официјално започнаа активностите за реконструкција на објектот на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.


По повод почетокот на реконструкцијата, генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски, даде изјава за медиумите, при што истакна дека со оваа инвестиција Фондот конечно се враќа во сопствениот објект.

„Со започнувањето на реконструкцијата на овој објект, по повеќе од 13 години, Фондот конечно се враќа во својот дом. Со ова престанува долгогодишната пракса да се плаќа кирија“, рече тој.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов кој изрази поддршка за проектот и најави дека општината ќе обезбеди соодветна инфраструктурна поддршка за успешна реализација на реконструкцијата.

По настанот, директорот Клековски ја посети и Подрачната служба на Фондот во Гевгелија, каде што разговараше со вработените и со раководителката на подрачната служба. За време на посетата, директорот беше запознаен со тековното функционирање на службата, како и со предизвиците со кои се соочуваат вработените во обезбедувањето на услугите за осигурениците.

Фондот за здравствено осигурување продолжува со активности насочени кон подобрување на условите за работа во подрачните служби и унапредување на услугите за граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK