По цели две недели борба со огнената стихија, под целосна контрола се ставени двата пожари на планината Серта.
Најкритична е состојбата во Македонски Брод, каде гори во заштитеното подрачје Јасен, меѓу Брезница и Тажево. На терен се вработени во ловното друштво Јасен и 50 припадници на Армијата кои со поддршка од хеликоптер на МВР се обидуваат да ја спасат висококвалитетната борова шума.
– Во текот на денешниот ден дејствувавме со двата ер-трактори на ДЗС, два полициски хеликоптери и еден армиски хеликоптер. Како и 80 припадници на Армијата, вели Ангелов.