Платите во културата СДСМ ги зголеми за 43%, велат од СДСМ

Платите-во-културата-СДСМ-ги-зголеми-за-43-велат-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од СДСМ велат дека во континуитет покажуваат вистинска грижа за културата и за уметниците  и трудот на културните работници достоинствено се вреднува.


„Од почетокот на 2021 година досега, платите во културата се зголемени за 43 отсто. Платите во културата беа зголемувани во неколку наврати и тоа за 1,65 отсто во 2021, за 19,55 отсто во 2022, за 12,55 отсто во 2023 во март, сите вработени во културата, почнувајќи со исплатата за септември добиваат за уште 10 отсто повисоки плати. Зголемувањето за 10 отсто е резултат на потпишувањето на Општиот колективен договор за платите во јавниот сектор, којшто гарантира континуиран раст на платите, со решение кое нема да зависи од волјата и желбата на која било политичка партија и сега и во иднина“, велат од СДСМ.

СДСМ, како што истакнуваат,  продолжува со вложувања во подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард на вработените во културата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK