Пилотите на комерцијалните летови забележале два нови пожари, Ангелов апелира: „Немојте да користите огномети“

pozar-zabelezan-od-avion.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се’ уште се активни пет пожари на отворен простор, а акцентот и денес ставен на гаснење на пожарот во Македонски Брод, каде се дејствува повеќе од 20 дена.



Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, информира дека овој пожар се одвива на три крака. Едниот е кон селото Белица каде се дејствува со ертрактори и пожарникари. Вториот крак е кон викенд населбата Козјак, но тука е речиси изгаснат и аправен е противпожарен појас. Третиот крак е тој што навлезе кај ловиштето Јасен и се уште е активен, а во моментот се делува со два ертрактори.

„На територијата на Македонски брод има уште еден пожар кај селото Пласница, каде делуваат кипарските ертрактори. Пожар има и на Галичица, кој се движи кон Стење од ресенска страна и се дејствува со два ертрактори“, рече Ангелов.

Првиот човек на ЦУК додаде и дека денес државата има на располагање само четири странски ертрактори, од кои два германски и два кипарски. Во текот на денот си заминува унгарскиот тим од 46 пожарникари со специјални возила кој беше стациониран кај Македонски брод и даде значителен придонес во гаснењето.

ЦУК добил пријава од пилотите на комерцијални летови за два нови пожари во селото Орел каде се испратени локалните пожарникари и на планината Сува Гора спроти селото Ласкарци.

„Раното откривање на пожари функционира и на начин што пилотите на комерцијалните летови пријавуваат до Контрола на летање ако забележат некаде да чади што дополнително ни помага брзо да реагираме“, соопшти Анеглов.

Апелира до граѓаните да не користат пиротехнички средства, односно огномети кои можат да бидат крајно опасни и да предизвикаат нови пожари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK