Петрушевски: Венко Филипче да каже која е неговата улога во тендерите со јаглен, па затоа добил ауди Q8


Petrusevski-09.06.2025.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 


Венко Филипче да каже што друго освен луксузното Ауди Q8 има како профит од тендерите со јаглен во ЕСМ од фирмите на Вице Заев и Енис Колашинац, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче да каже која е неговата улога во тендерите со јаглен, па е награден со луксузно ауди? Венко Филипче и СДС не можат да молчат особено што фирмата на Вице Заев во Бугарија, Гомасидра, која инкасирала 9 милиони евра од јагленот, се наоѓа на иста адреса како и неговата фирма „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd). Венко Филипче и Вице Заев делат ист канцелариски простор, на нивните фирми во Бугарија, на иста адреса се наоѓаат и редица фирми на Заев“, рече тој.

Очигледно е, додаде Петрушевски, дека фирмите на Заеви и Филипче во Бугарија се испреплетени, а парите помеѓу нив се во ист двор.

„Очекуваме јавното обвинителство да реагира и отвори случај за Венко Филипче, а за тоа има пред сè две многу силни причини: прво, фирмата добитник на државен тендер за испорака на јаглен, му купила луксузен џип ауди Q8 од 130 илјади евра. И под два, милиони од тој тендер завршиле на сметка на фирма на Вице Заев во Бугарија со иста канцеларија со фирмата на Венко Филипче“, рече Петрушевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK