Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го повика Социјалдемократскиот сојуз да го осуди и исклучи од Централниот Одбор на партијата, Филип Андов Сокол.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари од установата направил хотел, а криминалци осудени за тешки дела излегувале кога ќе посакаат.
„Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко Филипче, поранешен советник на Заев и директор на Ковачевски е доказ дека во СДС ништо не е сменето, туку на функции се криминалци. Филип Андов Сокол како директор на затворот Шутка овозможил криминалци кои се во притвор за сериозни кривични дела да го напуштаат затворот и по 8 до 10 часа на ден. Криминалците кои Филип Андов Сокол ги пуштал во ниту еден случај не смееле да го напуштат притворскиот затвор. Овие криминалци биле изнесувани од затворот од страна на униформирани лица кои тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и службени ресурси“, изјави Петрушевски.
Додаде дека со Филип Андов Сокол, државата, буквално работела за криминалци.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ако опозициската партија не излезе да се извини јавно, да го разреши Сокол од партиските тела и да го осуди, ќе покажат дека ништо не смениле, ниту имаат сила да сменат.