Петровска за Косово: Време е политичките лидери да носат мудри одлуки, ја следиме состојбата, граѓаните се безбедни

Петровска-за-Косово-Време-е-политичките-лидери-да-носат-мудри.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката Славјанка Петровска денеска на прес-конференцијата со норвешкиот министер за одбрана, Бјорн Арилд Грам на новинарско прашање зборуваше и за состојбата на Косово, при што изрази силна осуда за нападот на косовската полиција, и порача дека тоа е показател дека и Белград и Приштина мора интензивно да работат на дијалогот, додека не биде предоцна.


„Одблиску ја следиме состојбата во Косово не само како наш сосед, меѓутоа и како земја членка на Алијансата која со свои трупи учествува во рамките на КФОР мисијата. Како министерка за одбрана апсолутно го осудувам нападот над косовската полиција, изразувам жалење кон семејството и се надевам на брзо закрепнување на повредените. Меѓутоа, ова е само уште еден показател дека и Белград и Приштина мора интензивно да работат на дијалогот додека тоа не биде предоцна. Одговорноста на секој еден од нас кои седиме на одредени политички позиции во дадени моменти во државите е да носиме одлуки со кои ќе носиме мир и просперитет на граѓаните, а нема да создаваме конфликти и поделби“, рече министерката.

За Република Северна Македонија, подвлече Петровска, приоритет е ситуацијата во Косово и во регионот да биде стабилна, сè со цел да продолжат процесите, особено интегративните процеси на сите држави од регионот. „Време е на носење на мудри одлуки од кои граѓаните во државите ќе видат бенефит“, рече министерката.

На прашањето дали постои ризик по безбедноста на Северна Македонија, министерката Петровска истакна дека македонските институции ја следат состојбата и дека Северна Македонија и граѓаните се безбедни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK