Петровска: Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана

petrovska 555
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за МИА, да даде коментар на ставот на Општина Желино на писмото од МО со барање за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот кај Карпалак пред 22 години. Градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу кажа дека Петровска треба да се обрати до ЈП за државни патишта за изградба на споменикот.

-Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја, вели Петровска.


Таа додава дека „во услови кога градбите на пола општина му се дивоградби не е баш умесно да ми дава правни совети“.

Во однос на изјавата на градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, дека Општина Бутел е подготвена да изгради споменик за осумте бранители, вели дека и е драго што го охрабрила градоначалникот на Бутел после две години од неговиот мандат да „започне да размислува за ваков споменик и го охрабрувам да постапи по иницијативата на Министерството за одбрана, наместо да прави популизам од оваа тема“.

-Деновиве се воздржував од коментари на се што беше кажано во врска со иницијативите за споменици и не сакав да се впуштам во квази политички дебати заради искрената почит која ја имам кон загинатите бранители и нивните семејства. Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката, вели Петровска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK