Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска пред членовите од Велес ги претстави клучните приоритети од нејзината програма „Манифест за социјалдемократијата“.
„СДСМ е државотворна партија и повторно ќе се врати на победничките патеки онаму каде што припаѓа. Тоа ќе го постигнеме само ако сме обединети и ако постојано го слушаме нашето членство. Тоа, јас како иден претседател, се обврзувам да го правам, да ги слушам членовите кои како што го избираат претседателот на партијата, така ќе ги избираат и претседателите на општинските организации, но и идните пратеници, советници, градоначалници“, посочи Петровска и дополни:
„Заедно ќе успееме, заедно ќе го вратиме СДСМ на кормилото на државата“.