Петровска – Перебинис: Македонија продолжува со силната поддршка за Украина во одбрана на нејзината сувереност

Петровска-–-Перебинис-Македонија-продолжува-со-силната-поддршка-за-Украина.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска  се сретна со заменикот-министер за надворешни работи на Украина, Евген Перебинис кој престојува во посета на нашата земја.


На состанокот, министерката Петровска ја изрази нашата силна и недвосмислена поддршка за независноста и сувереноста на Украина која е брутално нападната. Украина, порача министерката, се бори не само за себе и својата сувереност, туку и за меѓународниот правен поредок кој мора да се базира на правила и принципи.

„Ја осудивме руската агресија врз Украина уште од самиот почеток, а нашата поддршка не е само политичка, туку може да се види и на дело. Во повеќе наврати Северна Македонија донираше хуманитарна и воена помош за Украина која има целосно право да се одбрани од неиспоровоцираната руска агресија“, рече министерката.

Петровска истакна дека при посетата на Украина во февруари годинава и лично се уверила во страдањата на украинскиот народ, но и во неговата цврстина и желба да ја одбранат татковината.

„При мојата посета на Украина лично се уверив во уништувањата во Ирпин и во Буча. На лицата на Украинците видов како им влијае бескрупулозноста на војната, но уште поважно е дека кај нив видов жар и мотив да се изборат за својот суверенитет“, рече министерката.

Петровска потенцираше дека Северна Македонија заедно со сојузниците останува во поддршка на Украина сè додека е потребно зашто тоа е страната на правдата и вистината.

Заменикот министер Перебинис се заблагодари за како што рече, јасната поддршка од Северна Македонија за Украина, како и за дадената воената и хуманитарна помош. Украина ќе продолжи да се бори за својата независност и сувереност, посочи тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK