Пензиите ќе се исплаќаат од 27 јуни

pari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26 јуни.

Од владината прес-служба соопштија дека им се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27 јуни 2023 година.


-Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.06.2023 година (вторник);
за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2023 година (среда);
за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2023 година (четврток) и
за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2023 година (петок), се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK