Пендаровски за М-НАВ: Ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок

thumbnail_Foto-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски одлучно го осудува насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории, велат од неговиот кабинет.


Истовремено, како што нагалсуваат, ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а чија работа е од суштинско значење за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај.

„МВР, исто така, има целосна поддршка од претседателот Пендаровски во најкус можен рок да ги расчисти настаните кои се случија во М-НАВ, а имајќи предвид дека истите се случија во објект кој е дел од критичната инфраструктура во државата при квалификацијата на притивправните дејствија треба да се земе в предвид потенцијалното загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај“, се истакнува во соопштението од неговиот кабинет.

Пендаровски, уште еднаш, нагласува дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK