Пендаровски со Сојузот на борци: Оваа држава е изградена од партизаните, сите мора достојно да го почитуваме вториот Илинден

Сојузнаборци-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски го посети Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, каде со присутните разговараше за актуелните политичко-општествени теми.



Во своето обраќање, Пендаровски посочи дека на политичката сцена има главно две структури, едната која укажува почит кон Сојузот на борци и хероите од Народно ослободителната војна и друга структура, која покажува елемнетарно непочитување на партизаните.

„За жал, како што поминуваат годините една политичка структура ве почитува, друга политичка структура не ве почитува и со годините тоа не се менува. Тие се обидоа сега да го сменат како велат рувото, но карактерот останува ист. Денес повторно, противкандидати мои или наши да речам се луѓе кои пред повеќе од 10 години ве бркаа од просториите за кои на стари години моравте да марширате кога немаше волја да ги решаваат најважните проблеми што ги имавте. Вашите потреби не се големи, имате една просторија во која ќе се собирате, во која ќе разговарате и ќе ги негувате традициите. Другата структура независно од промената на имиња, презимиња дали е Стево, дали е Петко, дали е Трајко, Рамиз, небитно е, таа ве почитува затоа што знае дека оваа структура на луѓе и нашите предци и вашите предци и претходници ја направија оваа држава. Значи, оваа држава не е падната од небо, оваа држава е направена од партизаните во Втора светска војна врз основа на традициите од првиот Илинден. И ние мораме да ја крепиме таа, да биде жива таа традиција затоа што во спротивно, немаме основа и имаме жив песок во кој ќе пропаѓаме“ порача Пендаровски.

Државата, посочи Пендаровски, може да се потпира само на двата Илиндена, додавајќи дека во Втора светска војна државата се направи со сите нишани и опстанала се до ден денес иако минала и низ лоши, турбулентни времиња.

„Опстанавме затоа што заеднички ги негуваме традициите и знаеме кои се темелите, а ако ги срушиме темелите куќата нема да стои“ порача Пендаровски.

Осврнувајќи на се на понудата на ВМРО-ДПМНЕ, претседателскиот кандидат Пендаровски посочи дека нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова и самата партија ВМРО-ДПМНЕ прво треба да го почитуваат вториот Илинден, пред да најавуваат четврти и петти Илинден.

„Сега слушам дека оваа против кандидатката која на истава партија која нема многу симпатии на сведоците од Втората светска војна вчера или завчера најавува четврти Илинден. Мојата порака до неа и до партијата која ја поддржува е дека не би било лошо да го почитуваат вториот Илинден, и првиот, ама и вториот Илинден. Да не кажуваат бајки за четврти или за петти Илинден, туку да ги почитуваат овие прави илинденци и партизани кои ја направија државата“ порача Пендаровски на средбата со претставници од Сојузот на борци.

Од страна на присутните членови на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани поддржувачи беше истакнато задоволство од досегашниот однос и соработка со Пендаровски и беше изразено уверување дека со нивна поддршка и поддршка од мнозинството граѓани, Пендаровски ќе добие уште еден мандат како претседател на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK