Пендаровски: присуството на НАТО во Косово е гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот

Пендаровски-присуството-на-НАТО-во-Косово-е-гаранција-дека-кризата.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Присуството на пет илјади војници на НАТО во Косово е гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот. Добро е што Македонија, Црна Гора и Албанија се членки на НАТО, така што може да се спречи директна конфронтација на косовската и српската армија, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски.


„Ако немаше пет илјади војници на НАТО при последните проблеми, конфликти и тензии на Северно Косово, а и претходно имаше такви ситуации, без НАТО трупите таму конфликтот ќе се прелееше и ќе имаше прво, директна конфронтација меѓу српската и косовската армија и полиција и после тоа и околината ќе беше зафатена“, рече Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK