Пендаровски можеше да спречи измени на КЗ, но тој потрча да ги потпише и да им се додвори на Ковачевски и Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-sedishte.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека претседателот на државата Стево Пендаровски можел да спречи измени на КЗ, но тој потрчал да ги потпише и да им се додвори на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ Али  Ахмети.


„Пендаровски експресно ги потпиша измените на КЗ, по налог на Ковачевски и Ахмети со цел криминалците од власта да не одговараат. Пендаровски можеше да го врати законот на повторно разгледување, но тој реши слепо да ги исполмува командите на Ковачевски и Ахмети. Со потпис на измените на КЗ Пендаровски буквално ги аболицираше сите функционери од СДС и ДУИ кои изминатиов период ја злоупотребувале службената положба и овластување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив претседателот Пендаровски е директно виновен за хаосот во државата и деградирањето на правото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK