Пендаровски: Интеграција на Западен Балкан во ЕУ за мир и стабилност во Европа

Пендаровски-Интеграција-на-Западен-Балкан-во-ЕУ-за-мир-и.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот, Стево Пендаровски, во рамки на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер учествуваше на дебатата насловена „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура“, во организација на Центарот за безбедносна политика од Белград и Центарот за безбедносна политика од Женева.


Во дискусијата, Пендаровски се осврна на актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, последиците во контекст на безбедносните случувања во Европа предизвикани од руската агресија врз Украина, како и на иднината на регион во однос на претстојните предизвици.

Пендаровски впосочи дека во интерес на мирот и стабилноста на Европа, неопходно е да се одржи кохезијата во евроатлантскиот блок и процесот на проширување на Европска Унија.

Во таа насока беше реафирмирана потребата од забрзана и непречена интеграција на земјите од Западен Балкан, како клучен фактор не само за политичките процеси и реформската агенда, но и за севкупната безбедност, потенцирајќи дека во време на мултиплицирани кризи и разнишана безбедносна архитектура, важно за стабилноста на Западен Балкан е да има поголемо европско присуство во регионот.

Во контекст на безбедносните кризи, беа разменети мислења и за најактуелниот светски конфликт во моментов на Блискиот Исток, како и за глобалните последици од истиот.

Во дискусијата учествуваа амбасадорот Рајнер Рудолф, заменик-претседавач со Минхенската безбедносна конференција, австриската сојузна министерка за европски прашања, Каролина Едштадлер, Кирил Петков, поранешен премиер на Бугарија и сегашен пратеник во бугарскиот парламент, специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич, албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Шмидт, Стефано Санино, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, францускиот пратеник, Бенџамин Хадад, Даниела Шварцер од фондацијата „Бертелсман“, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на Центарот за безбедносна политика од Женева, Томас Гремингер, Олександер Чали соработник на Центарот за безбедносна политика од Женева, Мајда Руге од Европски совет за меѓународни односи и Срѓан Цвијиќ од Центарот за безбедносна политика од Белград.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK