Пендаровски го честита празникот Успение на Пресвета Богородица

11127644.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима Г.Г.Стефан и до сите верници од православна вероисповед во Република Северна Македонија.


„Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.

Чествувајќи го еден од најблагородните и највозвишените празници, Успение на Пресвета Богородица, преку кој се испраќаат суштински пораки од искона па сѐ до нашето совремие, важно е да се потсетиме дека Пресвета Богородица, Божјата мајка е парадигма за сето она по кое што безмерно трага современиот човек: сострадалност, грижа, храброст, стоичност, емпатија, љубов.

Овој голем празник исто така ни покажува и дека секое искушение треба да го понесеме заеднички и поединечно во смирение.

Честитајќи го празникот Успение на Пресвета Богородица посакувам да се потсетиме дека само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот. За многу години празникот.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK