Пендаровски: Дали Мицкоски се кандидира за шпицен премиер или е кандидат за судија или обвинител?

Аеродром-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Христијан Мицкоски извира ликот на Никола Груевски, порача Стево Пендаровски од синоќешниот граѓански митинг во скопски Аеродром, одговарајќи на прашање од граѓанин.


„33 години сме независна држава, мантра на секој политичар е не само во време на избори дека правосудството мора да биде независно, судиите да бидат независни, да судат само врз основа на Устав, закон, меѓународни договори. И Мицкоски во 2024 година вели „ќе испитаме, неговиот имот ќе го испитаме, ќе провериме или ќе апсиме. Не можам да сфатам дали е тој кандидат за шпицен премиер или е кандидат за судија, обвинител. Како можеш ти како политичар да најавуваш нечие апсење?“ праша Пендаровски.

Пендаровски се осврна и на понудата на неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова.

„Дека мојата програма е подобра од нејзината покажав и во 2019 година кога ги добивме изборите. Да беше нејзината програма подобра таа ќе ги добиеше изборите. А сега постои една друга разлика меѓу мојата програма и нејзината. Нејзината програма е невидлива, ја нема. Кликнете на интернет и кажете ми каде е нејзината програма? Мојата е видлива, нејзината и е невидлива, така што, не можеме да компарираме нешто што го гледаш и нешто што го нема, што е илузија“ порача Пендаровски.

Тој пред присутните рече дека остварил речиси се од она што го имал ветено пред пет години додавајќи дека врвен приоритет во новиот мандат ќе му биде целосен ветинг на луѓето во правосудството, но и во политиката.

„Мораме да се согласиме и уште од сега да дадеме јавно ветување дека ако ја добиеме вашата доверба прва задача треба да ни биде длабок и сеопфатен ветинг на сите судии и обвинители меѓутоа и на нас политичарите“ истакна Пендаровски.

Пред граѓаните Пендаровски повика на 24 април да се гласа за бројот 1, а на осми мај победата да биде заверена и државата да продолжи напред.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK