Пендаровски-Агелер: Потребно е да продолжи посветеноста кон европските интеграции

Пендаровски-Агелер-Потребно-е-да-продолжи-посветеноста-кон-европските-интеграции.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер


Соговорниците разговараа за текот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија во контекст на комплетираниот скрининг процес и неодамнешните одлуки на Советот на ЕУ.

Во таа насока се согласија дека е потребно да продолжи посветеноста кон европските интеграции, имајќи предвид дека преку процесот на преговорите за членството во ЕУ ќе се овозможи позитивна трансформација на демократските капацитети на општеството, ќе се отворат можности за поголем економски просперитет, размена на услуги и добра, како и поголема мобилност на населението за образование и професионален развој.

На средбата беа разменети мислења и за состојбите во регионот, како и безбедносните случувања во поширокиот регион, војната во Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од стабилното и динамично македонско-американско пријателство, нагласувајќи дека македонското општество и граѓани особено ја ценат поддршката од САД. Во таа насока тој изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK