Парламентот да усвои Закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД, предлага Демократскиот сојуз

Демократски сојуз: Минимална пензија – 300 евра
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична одговорност, како и нивните налогодавачи.


Од партијата велат дека криминалот и влијанието врз судовите не е само самостојна определба и одлука на Артан Груби и Енвер Беџети, туку зад сите овие мафијашки однесувања стои лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Демократскиот сојуз повикува Парламентот да усвои Закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД за да се создаде законска основа за поведување постапка за кривична одговорност. САД покажаа дека лажните бранители на албанскиот јазик во суштина продаваат магла и манипулираат со чувствата на Албанците за да си ја спасат сопствената кожа“, велат од Демократскиот сојуз.

Се додава дека водството на ОНА наместо во ХАГ, дваесет години ја ограбува Македонија и нејзините граѓани и Албанци и Македонци.

Очекуваат оставки и акција од државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK