Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

toskovski-palco.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, со тоа што македонските полициски службеници се во комуникација со турските колеги.

„Се очекува во наредниот период да утврдат се што е потребно од аспект на оперативни активности, за во најкраток можен рок предметното лице кое што е под прогон од страна Обвинителството во Македонија да биде изнесено пред лицето на правдата и пред судот“, рече Тошковски.

Министерот кажа дека нема конкретен рок, но дека тоа ќе биде сторено во најкратко време.

„Очекуваме дека ќе биде за брзо“, додаде Тошковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK