­

Пациент од Австрија се враќа денес дома, на клиниките стигнаа странски тимови за рехабилитација


avion-brza-pomosh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава, по што согласно протоколите ќе биде задржан под 24-часовен надзор.


Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови.

Инаку, во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања ќе биде пуштен на домашно лекување. Во моментов на оваа Клиника се хоспитализирани тројца пациенти.

Во изминатото деноноќие нема згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија.

Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 3 пациенти, а во Хируршката клиника Свети Наум остануваат 6 пациенти кои се хоспитализирани на одделение.

На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациени, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.

Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за секој еден од пациент од повредените од несреќата во Кочани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK