Министерот за внатрешни работи на денешната прес-конференција изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е едениствена и дека има најмалку уште една и тоа е во Скопје според првичните информации.
Додаде и дека досега се уапсени 26 лица, а списокот не е затворен.
Тошковски нагласи и дека седум полициски службеници му овозможиле на кабарето да работи во супстандардни услови.
Рече дека досега има определено мерка притвор за 18 лица, а седум ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, плус уште едно лице кое е едно од раководните лица во овој момент во министерството за економија.