Летните температури се сè повисоки, а доколку барате место каде ќе се разладите, ќе се опуштите и ќе уживате со семејството или пријателите, „Капри пул“ во Велес е вистинскиот избор.
По целосното реновирање, базенот повторно ги отвори вратите на 13 јуни и ова лето на посетителите им нуди одлични услови за рекреација и забава. Олимпискиот базен, со димензии 50 метри должина и 25 метри ширина, е изграден според олимписки стандарди, а за безбедноста на капачите постојано се грижи стручен тим спасувачи.
Посетителите можат да уживаат во чиста и редовно одржувана вода, пријатна атмосфера, добра музика и простор наменет за сите генерации – од најмладите до највозрасните.
Цената на дневниот билет изнесува само 150 денари, а во неа се вклучени и бесплатни лежалки и маси, што овозможува целодневен престој без дополнителни трошоци.
Во рамки на комплексот има богата понуда на вкусна храна, ладно пиво, освежителни безалкохолни пијалаци, кафе и сладолед – сè што е потребно за совршен летен ден.
„Капри пул“ се наоѓа на улица Вардарска бр. 2 во Велес и работи секој ден. Работното време е од 10:00 до 19:00 часот, од понеделник до недела.
Доколку сакате бегство од жештините и целодневно уживање покрај вода, „Капри пул“ ве очекува со одлични услови, пријатна атмосфера и забава за целото семејство.