Освен лажните сертификати, Христовски нема ниту 5 години стаж на раководна позиција, велат од СДСМ

304770879_1749765248718531_2633790118936786864_n-800x800.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ се проширува. Документи доставени до нас од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ“, соопшти СДСМ.


„Станува збор за изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, од кои со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување.

Медиуми во Македонија и во Бугарија веќе покажаа дека Христовски нема ниту вистински сертификат за Англиски јазик, што е исто така законски услов кој не е исполнет.

За да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и тоа е кривично дело.

Во меѓувреме се редат кривични пријави за лажни сертификати. Се дозна дека две директорки се веќе казнети за лажни сертификати од истото место каде што е сертификатот на Христовски, компанијата Јулија ЦО ЛТД.

Ова се премногу спорни моменти и незаконитости и надлежните институции нема што да чекаат туку треба веднаш да постапуваат, МВР да му поднесе кривична пријава на Христовски а Обвинителството што побрзо да го расчисти целиот случај.

Законот мора да се почитува а професионализмот на АНБ да се заштити“, се додава во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK