Oсмани во Германија: Викендов во конзулатот работиме во две смени за да им помогнеме на граѓаните да добијат пасоши

Oсмани-во-Германија-Викендов-во-конзулатот-работиме-во-две-смени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на социјалните мрежи објави дека од Минхен допатувал во Бон, посетувајќи ја најпрометната македонска конзуларна единица.



„Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето“, напиша Османи споделувајќи и фотографии.

Вчера министерот од Минхен изјави дека рокот за чекање се скратува значително.

До граѓаните во странство кои што се враќаат дома со патен лист, порача дека треба да се сигурни дека во Скопје имаат термин или ќе го добијат пасошот во рокот колку што може да останат оти враќањето ќе биде тешко ако немаат пасош. Сепак, рече Османи, најсигиурно е да се фотографираат во конзуларните претставнишва и да го добијат пасошот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK