Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

mickoski-orban-3-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности.


Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и кеј „Македонија“. На 26 и 27.09.2024 година (четврток и петок), на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум. На 27.09.2024 година, безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа, известува СВР Охрид.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овие сообраќајници, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK