Во дисперзираната базна станица во Полициската станица Теарце покрај жителите населените места од Општина Теарце, ќе можат да ги продолжуваат нивните лични документи односно лични карти и патни исправи, и жителите од Општина Јегуновце, информираа од СВР Тетово.
Граѓаните ќе имаат можност да аплицираат и да се фотографираат во базната станица во Теарце, за да не доаѓаат во Тетово и да не трошат парични средства и време за патување од селата во овој регион до градот и назад.
– Ова единствено не се однесува на оние кои прв пат аплицираат за добивање на вакви документи или кои во меѓувреме ги изгубиле или оштетиле истите. Тие и натаму ќе треба да се обратат и аплицираат во Отсекот за управни работи во Тетово. Оваа практика е во рамките на континуираните напори што ги чини Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Тетово да се поедностават и квалитетно да се унапредат сервисните услуги кои ги бараат и добиваат граѓани, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Општина Јегуновце има 17 населени места, а Теарце