Зголемена потрошувачка на вода во Куманово

Kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зголемена е потрoшувачката на вода во Куманово од почетокот на јули, годинава за 30 до 40 проценти во однос на јуни, информираа денеска надлежните од фабриката за вода од јавното претпријатие „Водовод“.

– Потрошувачката на вода во овој период од годината е зголемена, особено во раните вечерни часови часови, најмногу во периодот од 19 до 24 часот. Во летниот период потрошувачката на вода се зголемува за 40 проценти во однос на редовната, изјави раководителот на фабриката за вода, Тони Јовчевски.


Просечно, периодов потрошувачката може да се движи од 350 до 420 литри во секунда.

– Споредбено во јуни на моменти изнесуваше од 300 до 350, во април, 260, посочи Јовчевски.

Според податоците кои претпријатието ги обезбедува преку Скада системот, најмногу се троши вода во населбите каде има претежно куќи со дворови.

– Многу е важно граѓаните да не ја користат водата за миење автомобили, да се сведе минимум полевањето дворови, тревници, повика Јовчевски.

Од претпријатие нагласуваат дека нема недостиг на вода, но предупредуваат дека во некои реони, може да се јави намален притисок особено во периодот од 20 до 24 часот, кога и најмногу се троши водата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK