Здруженијата на граѓани од oпштина Гевгелија можат да аплицираат за финансиска поддршка за нивните програмски активности во 2026 година


gvg-panorama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Oпштина Гевгелија го објави Конкурсот за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2026 година.

Право на учество: На конкурсот можат да учествуваат сите регистрирани здруженија и фондации со седиште во општина Гевгелија, согласно Законот за здруженија и фондации.


Начин на поднесување на пријавите: Пријавите треба да се достават до Општина Гевгелија- преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, 1480, Гевгелија, или лично во Архивата на Општина Гевгелија со задолжителна назнака: „Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2026 година“.

Рок за поднесување: 30 декември 2025 година, најдоцна до 16:00 часот.

Повеќе информации за критериумите за учество, потребната документација, начин на аплицирање и процесот на оценување на пријавите можат да се најдат на следниот линк: Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2026 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK