Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и заштитна ограда на Средното општинско стручно училиште „Илинден“


opstina-ilinden-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Проектот за изградба на нов паркинг простор во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ е во завршна фаза. Општина Илинден со оваа инвестиција овозможи паркинг простор на површина од приближно 550м², со капацитет за од околу 30 возила, кој ќе се користи за потребите на училиштето, со што ќе се овозможат подобри услови за работа и поголема сообраќајна уреденост во непосредната околина, велат од Општината.


Во завршна фаза е и реализацијата на проектот за поставување нова заштитна ограда околу спортскиот комплекс „Драго Маневски“. Во рамки на активностите се изведуваат бетонски работи и се поставува ограда во должина од околу 250 метри, со што значително ќе се зголеми безбедноста на сите корисници на спортскиот простор, соопшти општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во завршните фази на градежните активности и истакна дека ваквите проекти се насочени кон подобрување на условите за функционирање на образовните институции, како и кон унапредување на функционалноста и безбедноста на спортската инфраструктура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK